• вторник, 24 декември 2024

Кирби: САД и понатаму ќе оперираат во водите на Црното Море

Кирби: САД и понатаму ќе оперираат во водите на Црното Море

Вашингтон, 14 март 2023 (МИА) - САД оперираат во меѓународните води, Црното море е дел од меѓународните воздушни граници и дронот се наоѓаше во тој простор, изјави денеска Џон Кирби, портпарол на Националниот совет за безбедност во Белата куќа. 

Изјавата на Кирби доаѓа откако два руски ловци Су-27 принудија американски дрон М-Кју 9 „Рипер“ да се урне во водите на Црното Море. 

-Ќе оперираме и понатаму во меѓународните води, Црното Море е дел од меѓународните воздушни граници и дронот се наоѓаше во тој простор, изјави тој на денешниот телефонски брифинг за новинарите.

Пентагон инцидентот го опиша како „непрофесионално, неодговорно и еколошки штетно однесување“ на Русија.  

Руски и американски воздухоплови се активни над Црното Море од почетокот на војната, но ова е прв таков инцидент со потенцијал да ја ескалира ситуацијата меѓу двете конфронтирани страни, во време кога се водат борби во источна Украина. кб/рп/

Остани поврзан