• среда, 27 ноември 2024

Кирби: Преговорите за ослободување на заложниците од страна на Хамас биле конструктивни

Кирби: Преговорите за ослободување на заложниците од страна на Хамас биле конструктивни

Вашинготон,  29 јануари 2024 (МИА) - Преговорите за ослободување на заложниците држени од Хамас во Појасот Газа биле конструктивни и ветувачки, но престои уште многу работа, изјави денеска претставник на Белата куќа.

-Мислам дека преговорите може да се наречат конструктивни, изјави денеска за „Си-Ен-Ен“ Џон Кирби, координатор за стратешки комуникации на Советот за национална безбедност.

-Сметаме дека постои основа за уште еден договор за заложниците. Тоа може значајно да ја смени ситуацијата во однос на нивното ослободување, добивање на дополнителна помош и намалување на нивото на насилство, рече Кирби.

Админиистрацијата на претседателот Џо Бајден во изминативе денови настојува преку средби на директорот на ЦИА Вилијам Брнз и специјалниот застапник за Блискиот исток Брет Макгурк со високи службеници од регионот да оствари напредок во ослободувањето на заложниците, како и хуманитара пауза во војната меѓу Израел и Хамас.

Брнз вчера се сретна со раководителот на израелската разузнавачка служба Мосад и премиерот на Катар, како и со шефот на египетското разузнавање. Израел овие преговори ги нараче конструктивни но дека сепак постои значајна неусогласеност меѓу позициите.

Кирби истакна дека и покрај „продуктивноста“ на преговорите, „претстои уште многу работа“.

Во друг настап за „Ем-Ес-Ен-Би-Си“, а во врска со нападот со дронови и убиството на тројца американски војници на американска база во Јордан, за што Бајден вчера рече дека САД ќе одговорат, Кирби истакна дека Вашингтон не сака проширување на конфликтот во регионот.

-Американците се загрижени од нападите на милитанти подржани од Иран. Ние не сакаме проширена војна во регионот, но ќе го сториме она што мора да го сториме. кб/ссм/

фото: принтскрин

Остани поврзан