• среда, 27 ноември 2024

Кирби: Конструктивни разговори во Каиро за прекин на огнот во Газа, неопходна е соработката и од Хамас

Кирби: Конструктивни разговори во Каиро за прекин на огнот во Газа, неопходна е соработката и од Хамас

Каиро, 23 август 2024 (МИА) - Разговорите за примирје во Појасот Газа, што неделава се одржаа во Каиро, се конструктивни и неопходно е сите страни да се обединат за да работат на имплементација на предложениот договор, соопшти денеска Белата куќа.

Портпаролот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, изјави дека милитантите на Хамас треба да учествуваат во разговорите, на кои вчера присуствуваа преговарачи од Израел, САД, Египет и Катар, пренесуваат британските медиуми.

-Ние сме во Каиро. Тие се во Каиро. Ни треба Хамас да учествува и треба да разговараме за најважните детали од договорот. И тоа е она на што сме фокусирани во наредните денови, овде за време на викендот, рече Кирби.

Во преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа, Хамас бара целосно повлекување на Израел од палестинската енклава, вклучително и повлекување од таканаречениот коридор Филаделфија, тесен дел од територијата долж јужната граница со Египет со вкупна должина од 14,5 километри.

Израел сака да ја задржи контролата врз коридорот, што го освои кон крајот на мај, откако уништи десетици тунели за кои тврди дека биле користени за шверц на оружје во Газа.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан