• среда, 25 декември 2024

Кипјегон постави светски рекорд на 5.000 метри

Кипјегон постави светски рекорд на 5.000 метри

Париз, 10 јуни 2023 (МИА) – Кенијката Феит Кипјегон синоќа постави светскиот рекорд на 5.000 метри.

 

Новото најдобро време во светот на трка на 5.000 метри е поставено на Дијамантската лига во Париз и изнесува 14 минути 5 секунди и 20 стотинки.

 

Кипјегон го собори светскиот рекорд на Летесенбет Гидеј од Етиопија (14 минути 6  секунди и 62 стотинки), поставен на 7 октомври 2020 година. зс/

 

Фото:ЕПА

Остани поврзан