• среда, 18 декември 2024

Кипар се надева на конструктивен став од шефот на турската дипломатија на неформалниот министерски останок во Брисел

Кипар се надева на конструктивен став од шефот на турската дипломатија на неформалниот министерски останок во Брисел

Никозија, 23 август 2024 (МИА) – Надеж дека шефот на турската дипломатија Хакан Фидан ќе покаже конструктивен став за време на неговото учество на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на Европската Унија, изрази портпаролот на кипарската Влада Константинос Летибиотис, јави дописничката на МИА од Атина.

Владиниот портпарол посочи дека учеството на турскиот МНР „е можност да се утврди позицијата на Турција, реалната позиција и намерите на Турција во однос на нејзиниот европски пат, но и потезите што е подготвена да ги преземе“.

-Ние одиме подготвени за сите сценарија. Се надеваме дека Турција ќе покаже соодветен конструктивен став. Во секој случај, 27-те министри за надворешни работи на земјите-членки ќе бидат таму, во присуство на турскиот министер за надворешни работи, за сами да видат, да сведочат и да донесат свои заклучоци, истакна Летибиотис.

На новинарско прашање како ќе реагира Владата доколку турскиот министер за надворешни работи ги повтори „бескомпромисните позиции на Турција за кипарското прашање“ посочи дека „ставовите што ќе бидат искажани, позициите што ќе ги предложи министерот за надворешни работи, Константинос Комбос, се цврстите позиции на Република Кипар, но и истите позиции, кои во многу случаи беа изразени од нашите европски партнери“.

Следниот четврток, на 29 август во Брисел ќе се одржи состанок на шефовите на дипломатиите од земјите-членки на ЕУ, а поканет бил и министерот за надворешни работи на Турција, кој ја прифатил поканата. ср/сд/

Остани поврзан