• среда, 18 декември 2024

Кипарското прашање во фокусот на средбата Гутереш – Мицотакис

Кипарското прашање во фокусот на средбата Гутереш – Мицотакис

Атина, 12 јули 2024 (МИА) – Кипарското прашање и приоритетите на Грција како непостојана членка на Советот за безбедност во периодот 2025-2026 година биле темите за кои разговарале грчкиот премиер Киријакос Мицотакис и генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш на нивната средба со седиштето на ОН во Њујорк, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што информираа од кабинетот на грчкиот премиер, Мицотакис изразил почит за напорите на генералниот секретар и неговата лична претставничка Марија Ангела Холгин за рестартирање на разговорите за кипарското прашање.

- Кирјакос Мицотакис подвлече дека фактот што Кипар 50 години по трагедијата од 1974 година останува поделен е неприфатлива ситуација и нагласи дека треба да се искористи секоја можност за решение на кипарското прашање врз основа на одлуките на Советот за безбедност на ОН, информираа од кабинетот на Мицотакис.

Дополнително, со Гутереш разговарале за позицијата на Грција како непостојана членка на Советот за безбедност (2025-2026), Мицотакис го информирал за грчките приоритети и истакнал дека „Грција сака да биде мост меѓу југот и северот, западот и истокот, бидејќи е земја-членка на ЕУ, на НАТО и во исто време разговора со земјите од глобалниот југ“. ср/паг/

Фото: Кабинет на грчкиот премиер

Остани поврзан