• вторник, 12 ноември 2024

Кино на отворено „Панкот не е мртов“

Кино на отворено „Панкот не е мртов“

Скопје, 2 септември 2023 (МИА) - Како дел од културната понуда во рамки на кандидатурата за Скопје - Европска престолнина на културата, вечер (20.00), кај езерцето во првиот дел од Градскиот парк, ќе се одржи филмска вечер на отворено со проекција на хитот „Панкот не е мртов", најави службата за информирање на Град Скопје.

Филмот е во режија на Владимир Блажевски. Во него станува збор за остарен панкер кој се бори за секојдневниот живот во Скопје. Во раните 1990 години се распаднала неговата рок-група, која тогаш имала култен статус. Еден ден, Мирса добива понуда, заедно со неговата стара група, да свири на една прослава во Дебар. Тој се согласува и тргнува во потрага по останатите членови на групата, а во тоа му помага неговата поранешна девојка. свс/лв/

Фото: Град Скопје

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан