• недела, 24 ноември 2024

„Кино на отворено“ во Кисела Вода

„Кино на отворено“ во Кисела Вода

Скопје, 9 август 2022 (МИА) - Општина Кисела Вода во партнерство со МакеДокс од денеска до 14 август организира „Кино на отворено“. Бесплатните филмски проекции ќе се прикажуваат во паркот „Македонија“, пред Домот на култура „Билјана Беличанец”.

Секоја вечер од 21 часот, публиката од Кисела Вода, но и сите останати љубители на филмската уметност, ќе може да ги погледнат документарните филмови (програма МакеДокс) Cinema Komunisto во режија на Мира Турајлиќ, Grand mothers of Revolution, Mother Europe во режија на Петра Селискар, краткометражниот филм „Другарот“ во режија на Димитар Оровчанец, „Исцелител“ во режија на Ѓорче Ставрески, како и неколку други изненадувања.

Од Општина Кисела Вода најавија дека наскоро ќе објават повеќе детали околу програмата и термините за филмските проекции на „Кино на отворено”.са/вг/

Остани поврзан