• вторник, 24 декември 2024

Кинески научник протеран од Украина, обвинет за шпионажа

Кинески научник протеран од Украина, обвинет за шпионажа

Киев, 28 октомври 2024 (МИА) – Припадници на миграциската полиција протераа од Украина кинески државјанин, кој вршел разузнавачки активности под превезот на официјална научна и техничка соработка меѓу земјите, соопшти денеска Националната полиција.

Се работи за 48-годишен странец со научно звање доктор на технички науки, кој пред да дојде во Украина работел во воено-индустриска корпорација специјализирана за производство на оружје, како и во истражувачки институт за модерна хемија.

Тој пристигнал во Украина на почетокот на 2017 година. На територијата на регионот Дњепропетровск се обидел да убеди група научници да соработуваат.

Службата за безбедност на Украина (СБУ) го уапсила додека се обидувал да добие пари за тајни акции во ракетната и вселенската индустрија.

Судот го прогласи кинескиот државјанин за виновен за шпионажа и го испрати на издржување на казната во поправните колонии во областа Дњепропетровск, а потоа во Запорожје.

Откако излегол од затвор е донесена одлука за депортација.

Миграциската полиција на регионот Запорожје, Одделот за СБУ и Државната миграциска служба го однеле во пунктот „Мајаки-Удобне-Паланка“ во регионот Одеса, каде што бил предаден на претставници на граничната служба, од каде што ќе биде депортиран во земјата на потекло.

На кинескиот научник му е забранет влез на територијата на Украина во следните пет години. јт/

 

Остани поврзан