• недела, 06 октомври 2024

Кинески воени авиони следеле американски извидувачки авион во Тајванскиот теснец

Кинески воени авиони следеле американски извидувачки авион во Тајванскиот теснец

Тајпеј, 17 септември 2024 (МИА) - Кинески воени авиони денеска „следеа“ американски воен авион низ Тајванскиот теснец, соопшти кинеската војска.

Американскиот авион бил патролен и извидувачки авион П-8A Посејдон, кој е способен да води „противподморничка војна со долг дострел“, се вели во соопштението на кинеската војска.

„Војската испрати воени авиони за следење и набљудување на летот на американскиот авион и постапи во согласност со законот“, рече воениот портпарол Ли Си.

„Командните трупи ќе останат во состојба на висока готовност и одлучно ќе го чуваат националниот суверенитет и безбедност, како и регионалниот мир и стабилност“, додаде тој.

Американската морнарица сè уште нема коментар.

Владата во Пекинг тврди дека островот Тајван е нејзина територија и не се однесува љубезно кон бродовите од други земји кои минуваат низ Тајванскиот теснец.

Два воени брода на германската морнарица минаа низ Тајванскиот теснец во петокот за првпат по повеќе од две децении, што предизвика критики од Пекинг. паг/

Фото: МИА архива

 

 

 

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан