• вторник, 24 декември 2024

Кинески амбасадор во ОН: Официјален Пекинг ги осудува сите напади против цивили

Кинески амбасадор во ОН: Официјален Пекинг ги осудува сите напади против цивили

Њујорк, 8 октомври 2023 (МИА) - Кинескиот амбасадор во Обединетите нации Жанг Јун, во пресретн на седницата на Советот за безбедност посветена на ситуацијата во Израел, рече  рече дека Кина ги осудува сите напади врз цивили.

Она што сега беше важно, рече тој, е да се спречи понатамошна ескалација на ситуацијата и да се вратиме на решението за две држави, пренесува Би-Би-Си.

Кинеското Министерство за надворешни работи во претходна изјава рече дека повторувањето на конфликтот покажува дека не треба да продолжи „долготрајниот застој“ на мировниот процес.

Сепак на прашањето од Би-Би-Си за желбата на некои земји да видат продолжување на разговорите, амбасадорот на Израел во ОН Гилад Ердан рече дека тие повици се „наивни“. ссм/

фото: ЕПА архива

Остани поврзан