• сабота, 28 декември 2024

Кинеските власти ги повикуваат излекуваните од коронавирус да донираат крв

Кинеските власти ги повикуваат излекуваните од коронавирус да донираат крв
Пекинг, 17 февруари 2020 (МИА) - Кинеските здравствени власти денеска апелираа до лицата кои се излекувани од новиот коронавирус да дадат крв заради лекување други пациенти. Крвната плазма на поранешните пациенти кај кои е потврден Ковид-19 содржи антитела кои можат да помогнат во уништување на вирусот. - Би сакал да ги замолам оние што закрепнале да ја донираат својата плазма. Тоа ќе им даде надеж на оние кои се уште се сериозно болни, изјави претставникот на Националната здравствена комисија Гуо Јанхонг. Во епицентарот на епидемијата, Вухан, 11 хоспитализирани пациенти добија плазма минатата недела, рече Сун Јанронг од Биолошкиот центар на Министерството за наука и технологија. - Еден од тие пациенти веќе е пуштен од болница, а останатите заздравуваат, додаде таа. Официјални лица изјавија дека донаторите ќе бидат подложени на анализи за да се потврди дека не можат да го пренесат вирусот и дека само плазмата ќе биде извлечена од крвта на поранешните пациенти. Фармацевтските компании се обидуваат да пронајдат лек и вакцина за повеќе од 70.500 заразени луѓе. паг/

Остани поврзан