• среда, 18 декември 2024

Кинескиот фудбалски шампион Џиангсу Сунинг згасна поради финансиски проблеми

Кинескиот фудбалски шампион Џиангсу Сунинг згасна поради финансиски проблеми
Пекинг, 28 февруари 2021 (МИА) – Кинескиот фудбал е во шок, откако сопствениците на актуелниот првак Џиангсу Сунинг објавија денеска дека клубот престанува да постои поради финансиски проблеми. Во соопштението се наведува дека сите фудбалски екипи на кинеска територија во сопственост на групацијата „Сунинг“, трговска компанија со седиште во Нанџинг, во чија сопственост е и милански Интер, „од денеска ќе престанат со работа“. Компанијата посочи дека ќе се ослободи од целиот свој ризичен имот што не спаѓа во основната дејност на работа. Фудбалскиот клуб Џиангсу во ноември лани за првпат во својата историја ја освои титулата во кинеската Суперлига, совладувајќи го во плеј-офот осумкратниот кинески шампион Гвангжу. Актуелниот кинески првак пред неколку денови беше исфрлен од натпреварите во азиската Лига на шампиони поради „доспеани обврски“ кон освојувачот на кинескиот национален куп, екипата на Шандонг. ег/

Остани поврзан