• недела, 28 јули 2024

Кинескиот снукер играч Лианг суспендиран поради напад врз жена

Кинескиот снукер играч Лианг суспендиран поради напад врз жена
Шефилд, 2 април 2022 (МИА) – Меѓународната снукер федерација му забрани настап на претстојното Светско првенство на кинескиот играч Венбо Лианг, откако беше осуден за напад врз жена. - Поради насилната природа на овој чин, одлучив дека (суспензијата) е единственото нешто што треба да се преземе до завршување на дисциплинската постапка, изјави претседателот на Меѓународната снукер федерација Џејсон Фергусон. Судот на Лианг, кој е 33-то рангиран снукер играч во светот, му изрече парична глоба, како и казна од 12 месеци општокорисна работа, откако беше прогласен за виновен врз основа на снимка од безбедносна камера на која се гледа како удира и клоца жена. Лианг беше пријавен меѓу учесниците на Светското првенство, кое започнува идната недела во Шефилд. Со статус на професионален играч од 2004 година, Лианг во 2016 триумфираше на Отвореното првенство на Англија, а негов највисок пласман на светската ранг-листа е 11. место. ег/ми/

Остани поврзан