• среда, 25 декември 2024

Кинескиот претседател повика на градење мостови на соработка во светската економија

Кинескиот претседател повика на градење мостови на соработка во светската економија

Пекинг, 28 јуни 2024 (МИА) - Кинескиот претседател Си Џинпинг повика на изградба на „мостови“ на соработка во светската економија додека Пекинг се бори со економски и безбедносни спорови со своите соседи и трговски партнери ширум светот.

-Кина никогаш нема да го напушти патот на мирен развој. Соочувајќи се со историјата на мирот или војната, единството или конфронтацијата, мораме да го пренесеме духот и конотацијата на „петте принципи“ на мирен соживот, рече Си на конференцијата по повод Водечките принципи на Кина во надворешните работи, што првпат беа формулирани пред 70 години , пренесуваат британските медиуми.

„Петте принципи“ првпат се појавија во пактот од 1952 година постигнат со регионалниот ривал Индија за нивната хималајска граница.

Откако Кина минатата година посредуваше во неочекуваниот детант меѓу Иран и Саудиска Арабија, првиот кинески дипломат Ванг Ји изјави дека земјата ќе продолжи да игра конструктивна улога во решавањето на глобалните проблеми.

Британските медиуми пренесуваат дека трговските врски на Кина со Европската унија се под притисок бидејќи 27-члениот блок планира да воведе дополнителни царини за електричните возила од кинеско производство.

Европската унија ја обвинува Кина дека го преплави нивниот пазар со евтини електрични возила произведени од кинеските производители на автомобили, кои имаат корист од големите владини субвенции.

-Во ерата на економската глобализација, важно е да не се создаваат поделби, туку да се градат мостови на комуникација, да не се крева железната завеса на конфронтација, туку да се отвори патот за соработка, рече Си. сд/

Остани поврзан