• среда, 25 декември 2024

Кинескиот премиер ќе ги посети Франција и Германија

Кинескиот премиер ќе ги посети Франција и Германија

Пекинг, 15 јуни 2023 (МИА) - Кинескиот премиер Ли Кианг ќе ги посети Германија и Франција од 18 до 23 јуни, соопшти денеска кинеското Министерство за надворешни работи. Тоа е прво патување на Ли во странство откако ја презеде функцијата во март. 

Кинескиот премиер „ќе оствари официјална посета на Германија, каде ќе ја одржи седмата рунда од кинеско-германските владини консултации и официјална посета на Франција, каде што ќе присуствува на самитот на Новиот глобален финансиски пакт“, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи. 

Целта на самитот за нов глобален финансиски пакт, организиран на иницијатива на францускиот претседател Емануел Макрон, е амбициозна: да се реформира архитектурата на глобалните финансии за подобро да се одговори на предизвиците на глобалното затоплување. 

Неколку учесници веќе го потврдија своето присуство: Ајај Банга, претседател на Светска банка, Антонио Гутереш, генерален секретар на Обединетите нации, Урсула фон дер Лајен, претседателка на Европската комисија, како и германскиот канцелар Олаф Шолц. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан