• недела, 24 ноември 2024

Кинескиот носач на авиони „Фуџиан“ ги започна своите први поморски испитувања

Кинескиот носач на авиони „Фуџиан“ ги започна своите први поморски испитувања

Пекинг, 1 мај 2024 (МИА) - Третиот кинески носач на авиони „Фуџиан“ утринава ги започна своите први поморски испитувања.

Бродот го напушти бродоградилиштето во Шангај околу 8 часот наутро. Поморските испитувања првенствено ќе ја тестираат доверливоста и стабилноста на погонските и електричните системи на носачот на авиони.

Од неговото лансирање во јуни 2022 година, „Фуџиан“ ги заврши пробите за прицврстување, местење и прилагодувања на опремата. Според кинеската агенција, тој ги исполни техничките услови за почеток на поморски испитувања. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан