• сабота, 23 ноември 2024

Кинескиот министер за надворешни работи оваа недела во Германија, Шпанија и Франција

Кинескиот министер за надворешни работи оваа недела во Германија, Шпанија и Франција

Пекинг, 15 февруари 2024 (МИА) - Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји оваа недела ќе отпатува во Европа за да учествува на Минхенската безбедносна конференција во Германија, соопшти денеска ресорното министерство.

Во европската турнеја на Ванг, закажана од 16 до 21 февруари, ќе бидат вклучени и Шпанија и Франција, каде што ќе учествува во стратешкиот дијалог меѓу двете земји, објави кинеската дипломатија.

Посетата на кинескиот министер на Шпанија ќе биде прва по шест години, додека посетата на Франција е во чест на 60-годишнината од дипломатските односи.

Франција, под водство на генералот Шарл де Гол, во 1964 година беше првата голема западна земја која воспостави дипломатски односи на амбасадорско ниво со Кина.

Конференцијата во Минхен, која почнува утре, секоја година собира функционери од целиот свет и треба да биде вистински барометар на трансатлантските односи.

Ванг ќе одржи говор на таа конференција.

Во Минхен се планирани серија билатерални средби на странски лидери на кои ќе се разговара за поддршката на Украина во војната против Русија и ситуацијата на Блискиот Исток.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен е дел од американската делегација предводена од американската потпретседателка Камала Харис. паг/

Фото: МИА архива


  

 

Остани поврзан