• недела, 24 ноември 2024

Кинеската компанија ЦАТЛ има најголем број милијардери

Кинеската компанија ЦАТЛ има најголем број милијардери
Пекинг, 5 мај 2021 (МИА) - Малку познат но брзорастечки кинески производител на батерии за електирчни превозни средства ЦАТЛ (Contemporary Amperex Technology Co. Limited) „произвел“ повеќе милијардери отколку која било друга компанија, објави Форбс. Во компанијата вкупно има деветмина милијардери со богатство од по милијарда долари и повеќе. ЦАТЛ доставува батерии за Бе-Ем-Ве, Волскваген и за Мерцедес бенц. Во изминатата година акциите на киенската компанија се зголемија за 150 отсто заради зголеменото побарувачка на електрични превозни средства. Според Форбс, основач на ЦАТЛ е 52-годишниот Робин Зенг, кој според богатството од 32,5 милијарди долари е на 470 место. Неговото богатство е зголемено за повеќе од трипати од март 2020 година. Зенг поседува 25 отсто од компанијата. Вкупното богатсво на милиајрдите во ЦАТЛ е 72 милиајрди долари, што исклучително високо за речиси непозната компанија. Во Гугл и во Фејсбук има по осум милијардери. Волмарт има исто така осум милијардери, од кои седуммина се потомци на основачот Сем Волтон и брат му Бад Волтон. Зенг првпат влегува во бизнисот во 1999 година со компанија за производство на литиум-јонски батерии наречена „Амперекс технолоџи лимитед“ (Amperex Technology Limited), а ЦАТЛ е формирана во 2011 година и само една година подоцна почнува со испораки за Бе-Ем-Ве. Од 2020 година, ЦАТЛ има 22 отсто од пазарот за батерии за електрични возила, откако за четирипати ги зголеми производствените капацитети. Само „ЕлЏи Енерџи солушн“ (LG Energy Solution) има поголемо учество - од 28 отсто. ми/

Остани поврзан