Кинеската влада најави мерки за зголемување на наталитетот
- Кинеската влада денеска објави мерки за подобрување на планирањето на семејството и родителството во обид да се зголеми наталитетот.
Пекинг, 28 октомври 2024 (МИА) - Кинеската влада денеска објави мерки за подобрување на планирањето на семејството и родителството во обид да се зголеми наталитетот.
Државниот совет на Кина повика на напори за изградба на „нова култура на брак и раѓање“, истакнувајќи дека се усвоени мерки за да се понудат поповолни породилни бенефиции,субвенции за децата и нивното образование, како и поголема поддршка за семејствата со повеќе деца.
Во Кина минатата година наталитетот достигна рекордно ниско ниво. паг/
Фото: МИА архива