• среда, 18 декември 2024

Кинеската Амбасада во Вашингтон забележала закани

Кинеската Амбасада во Вашингтон забележала закани
Пекинг, 22 јули 2020 (МИА) - Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Хуа Чунџуинг денеска изјави дека кинеската Амбасада во Вашингтон примила закани со бомба и со смрт, за што ја обвини американската администрација. „Како резултат на клевети и омразата на американските власти, кинеската Амбасада доби закани со бомба и со смрт“, напиша таа на Твитер, пренесуваат британските медиуми. Претходно денеска беше објавено дека САД побараа затворање на кинескиот конзулат во Хјустон „со цел да се заштити американската интелектуална сопственост и приватните информации на Американците“. Кина соопшти дека Вашингтон одеднаш и без објаснување побарал кинескиот конзулат во Хјустон, Тексас, да биде затворен без одложување, што официјален Пекинг остро го осуди и се закани со реципрочни мерки. сд/

Остани поврзан