• четврток, 26 декември 2024

Пронајдени Кинези кои нелегалено ја преминале границата

Пронајдени Кинези кои нелегалено ја преминале границата

Скопје, 9 јули 2023 (МИА) - Полициски службеници од Регионален центар Југ на место викано „Караорман“ вчера околу 11: 30 часот ги привеле Ч.Х.(44), В.Р.(47), Ј.Л.(38) и едно малолетно лице, сите од Кина, затоа што по извршените проверки во службената евиденција е констатирано дека немаат остварено легален влез во државата, со што постапиле спротивно на Законот за странци, односно незаконски престојувале во државата.

МВР соопшти дека на лицата од полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Гевгелија им се изготвени решенија за враќање и напуштање на територијата на државата. ев/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан