• четврток, 26 декември 2024

Кина ги нарече „политичкo маневрирање“ обвинувањата на САД и Велика Британија за хакирање

Кина ги нарече „политичкo маневрирање“ обвинувањата на САД и Велика Британија за хакирање

Пекинг, 26 март 2024 (МИА) - Кина денеска ги повика САД и Велика Британија да престанат да го политизираат прашањето за кибер безбедноста, да ја клеветат Кина и да и наметнуваат еднострани санкции.

- Ова е чисто политички маневрирање на САД и Велика Британија за преглед на наводните кинески кибер напади и воведување санкции за кинески физички и правни лица, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џијан на редовен брифинг со новинарите.

Тој додаде дека Кина изразува силно незадоволство од овие потези и силно се спротивставува.

Американските и британските власти вчера поднесоа обвиненија, воведоа санкции и го обвинија Пекинг за наводна широко распространета операција за кибер шпионажа во која се вклучени милиони луѓе. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан