• среда, 18 декември 2024

Кина ќе донира 50.000 вакцини за јужноамериканските фудбалери

Кина ќе донира 50.000 вакцини за јужноамериканските фудбалери
Асунсион, 13 април 2021 (МИА) – Кинеската компанија „Синовак Биотек“ ќе донира 50.000 дози од своите вакцини против Ковид-19 на Јужноамериканската фудбалска асоцијација (КОНМЕБОЛ) наменета за вакцинирање на локалните фудбалери. -Ова е најдобрата вест што јужноамериканското фудбалско семејство можеше да ја добие. Ова е голем чекор напред во борбата против Ковид-19, изјави претседателот на КОНМЕБОЛ, Алехандро Домингез, додавајќи дека имунизацијата „ќе биде насочена кон прволигашките клубови во машка и женска конкуренција“. Засега не се познати детали кога пратката вакцини ќе пристигне, но Домингез и се заблагодари на кинеската компанија за „разбирањето дека фудбалот е клучната активност за економијата, културата и менталното и физичкото здравје на Јужноамериканците‘. Договорот доаѓа во исклучително важен момент за јужноамериканскиот фудбал. На овој континент во тек се двете најголеми клупски натпреварувања, Копа Либертадорес и Копа Судамерикана, кои вклучуваат бројни патувања ширум Јужна Америка. Ова лето треба да се одржи и Копа Америка, во Аргентина и Колумбија. ег/

Остани поврзан