• среда, 27 ноември 2024

Кина тестираше интерконтинентална балистичка ракета во Пацификот, прва во последните децении

Кина тестираше интерконтинентална балистичка ракета во Пацификот, прва во последните децении

Пекинг, 25 септември 2024 (МИА) – Ракетните сили на Народноослободителната војска на Кина (ПЛА) денеска лансираа интерконтинентална балистичка ракета со лажна боева глава во водите на Пацификот, соопшти Министерството за национална одбрана.

Наведено е дека ракетата паднала во целната област на Пацификот и оти лансирањето е рутинска активност во рамките на годишниот план за обука, како и дека релевантните земји биле однапред информирани за овој тест, пренесува новинската агенција Синхуа.

- Лансирањето ги тестираше перформансите на оружјето и ефективноста на воената обука и ги постигна саканите цели, се вели во соопштението на кинеското Министерство за одбрана.

Се додава дека лансирањето било во согласност со меѓународното право и не било насочено против ниту една земја или цел. Јт/

Фото: ЕПА архива

Остани поврзан