• вторник, 24 декември 2024

Кина со поддршка за Иран во заштитата на неговата безбедност

Кина со поддршка за Иран во заштитата на неговата безбедност

Пекинг, 11 август 2024 (МИА) - Кина го поддржува Иран во заштитата на сопствениот „суверенитет, безбедноста и национално достоинство“, му рекол кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји на вршителот на должноста министер за надворешни работи на Иран, Али Багери Кани во денешниот телефонски разговор, се вели во соопштението на кинеското Министерство за надворешни работи.

За време на повикот, Ванг Ји ја потврди осудата на Пекинг за убиството на шефот на политичкото биро на палестинскиот Хамас Исмаил Ханија во Техеран на 31 јули, нагласувајќи дека нападот го нарушува суверенитетот на Иран и ја загрозува регионалната стабилност.

„Кина го поддржува Иран во заштитата на неговиот суверенитет, безбедност и националното достоинство според законот, како и неговите напори за одржување на регионалниот мир и стабилност, а исто така е подготвена да одржува блиски контакти со Иран“, рече кинескиот министер. зш/

Остани поврзан