• вторник, 24 декември 2024

Кина се закани, доколку е потребно, ќе преземе уште дејствија против Тајван

Кина се закани, доколку е потребно, ќе преземе уште дејствија против Тајван

Пекинг, 14 октомври 2024 (МИА) - Кинеското Министерство за одбрана предупреди дека ќе преземе дополнителни дејствија против Тајван доколку е потребно по денешните воени вежби околу островот.

„Народноослободителната армија на Кина ќе ги интензивира своите акции против секоја провокација поврзана со 'независноста на Тајван' додека конечно не се реши тајванското прашање“, се вели во соопштението.

„Денешните вежби не беа повторување на воените маневри одржани во мај, туку претставуваат зголемување на притисокот против независноста на Тајван“, се додава во соопштението на Министерството. паг/

 

 

Остани поврзан