• четврток, 26 декември 2024

Кина претстави прототип на супербрз воз, кој достигнува 620 километри на час

Кина претстави прототип на супербрз воз, кој достигнува 620 километри на час
Пекинг, 18 јануари 2021 (МИА) - Прототип на супербрз воз, наречен „супер куршум маглев“, кој достигнува максимална брзина од 620 километри на час, е произведен во Ченгду, главниот град на кинеската провинција Сечуан, објави кинеската новинска агенција Синхуа. Тоа е прв воз од ваков вид кој ја користи високотемпературната суперспроводливост на маглев технологијата (магнетна левитација - нема контакт меѓу возот и шините, така што нема сила на триење), а целосно е проектиран и произведен во Кина. Изработен е од лесни јаглеродни влакна, со предница во форма на куршум и технологија на високотемпературна суперспроводливост, а прототипот на овој воз е креиран да развива максимална брзина од 620 километри на час и веројатно е најбрзото копнено возило во светот, наведува Синхуа. Професорот Хе Чуан изјави пред новинарите на презентацијата дека возот би можел да стане оперативен во следните три до десет години. гт/

Тагови

Остани поврзан