• среда, 18 декември 2024

Кина донира сензорни соби за лицата со попреченост

Кина донира сензорни соби за лицата со попреченост

Скопје, 12 декември 2024 (МИА) - Министерството за социјална политика, демографија и млади и Амбасадата на Народна Република Кина, претставувани од министерот Фатмир Лимани и амбасадорот Су Леј денеска потпишале договор со кој Кина донира сензорни соби за лицата со попреченост. 

Вкупната вредност на донацијата, како што соопшти Министерството за социјална политика, е 1.310.000,00 денари.

- Потпишувањето на денешниот договор е уште една потврда за огромната поддршка што Република Кина ѝ ја дава на Северна Македонија и потврда за долгогодишното пријателство што го негуваат двете земји. Двете страни изразија задоволство од досегашните соработка и поддршка и се согласија дека истите ќе продолжат и понатаму, истакнуваат од Министерството за социјална политика, демографија и млади. бд/бак/

Фото: Министерство за социјална политика, демографија и млади

Остани поврзан