• среда, 25 декември 2024

Кина и Украина главни теми на средбата на министрите за надворешни работи на Г7

Кина и Украина главни теми на средбата на министрите за надворешни работи на Г7

Токио, 16 април 2023 (МИА) – Во јапонското одморалиште Каруизава средба на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Група седум индустриски најразвиени земји (Г7), на која ќе се разговара за кинеските притисоци врз Тајван и војната во Украина.

Кина минатата недела изврши воени вежби околу Тајван, симулирајќи напади и блокада на островот, што го смета за дел од својата територија.

Претставници на земјите-членки на Г7 повеќе пати го предупредија Пекинг да не се обидува со сила да го смени статусот на Тајван. Најверојатно министрите за надворешни работи нема да договорат нови радикални мерки против Русија, но ќе ги поддржат напорите за кривично гонење на сторителите на воени злосторства и ќе изразат загриженост поради руските закани со нуклеарно оружје.

На средбата во Каруизава ќе се разговара и за други меѓународни кризи, од владеењето на талибанците во Авганистан и нападите на воената хунта во Мјанмар до прашањата за Вселената, кибер безбедноста и дезинформациите.

Состанокот на министрите за надворешни работи треба да го подготви теренот за самитот на шефовите на државите од Г7, што ќе се одржи во мај во Хирошима, Јапонија. ми/

фото: ДПА

Остани поврзан