• среда, 25 декември 2024

Кина издаде лиценца за првиот патнички електричен авион без екипаж

Кина издаде лиценца за првиот патнички електричен авион без екипаж

Гуангжоу, 8 април 2024 (МИА) - Цивилно воздухопловство на Кина издаде дозвола за производство на домашниот, беспилотен и електричен, тн. е-ВТОЛ авион со вертикално полетување и слетување, наречен „ЕХ-216-С“ (EH216-S).

Сертификатот, издаден од Управата за цивилно воздухопловство, е првата лиценца во светот доделена за производство во оваа индустрија и претставува значаен чекор кон масовно производство на самоуправувачки е-ВТОЛ авиони. „ЕХ-216-С“  е висок 1,93 метри, широк 5,73 метри, со вкупна носивост до 620 килограми, што е еднакво со двајца патници со багаж. Може да патува до 30 километри со максимална брзина од 130 километри на час, јавува Кинеското меѓународно радио.

Авионот може да се применува во повеќе области - како што се превоз на патници, воздухопловни линии, воздушна помош и одговор при итни случаи.

Леталото го разви и произведе „Еханг“ - водечка светска компанија за технолошки и урбан воздушен сообраќај, со седиште во Гуангжоу. „Еханг“ минатата година доби сертификат за стандарден тип авион од кинеската Управа, соопшти компанијата.  си/

Фото: Јутјуб

Остани поврзан