• четврток, 12 февруари 2026

Кина е подготвена да ѝ помогне на Куба поради недостигот на гориво за авиони

Кина е подготвена да ѝ помогне на Куба поради недостигот на гориво за авиони

Пекинг, 10 февруари 2026 (МИА) - Кинеското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека нема информации дека кинески државјани се заглавени во Куба по прекинот на летовите поради недостиг на гориво за авиони.

Недостатокот е предизвикан од американската блокада на испораките од Венецуела.

„Кина цврсто ја поддржува Куба во заштитата на нејзиниот национален суверенитет и безбедност и се спротивставува на странското мешање“, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи Лин Џиан на прес-конференција.

„Секогаш ќе ѝ пружиме поддршка и помош на кубанската страна во рамките на нашите можности“, додаде таа, пренесоа британските медиуми.сд/јт/

Фото:ЕПА

Остани поврзан