• недела, 24 ноември 2024

Кина е категорично против продажбата на американско оружје за Тајван

Кина е категорично против продажбата на американско оружје за Тајван

Пекинг, 5 јули 2023 (МИА) - Кина категорично се спротивставува на продажба на оружје од САД за Тајван и упати остри предупредувања на кон Вашингтон, соопшти кинеското Министерство за одбрана, пренесуваат британските медиуми.

-САД ги игнорираат главните стравувања на Кина, со сила се мешаат во внатрешните работи на Кина и намерно ги зголемуваат тензиите во Тајванскиот теснец, изјави портпаролот на војската на Пекинг.

Американскиот Стејт департмент ја одобри потенцијалната продажба на муниција и логистичка поддршка за две одделни зделки, вредни 440 милиони долари, а минатата недела соопшти Пентагон. сд/

фото:архива

Остани поврзан