• вторник, 24 декември 2024

Кина го презеде претседавањето со СБ на ОН: Ќе сториме се да го вратиме мирот на палестинските територии

Кина го презеде претседавањето со СБ на ОН: Ќе сториме се да го вратиме мирот на палестинските територии

Пекинг, 6 ноември 2023 (МИА) - Кина, која го презеде претседавањето со Советот за безбедност на ОН, ќе направи се што може за да го врати мирот на палестинските територии, објави Министерство за надворешни работи додека тензиите на Блискиот Исток ескалираат.

-Кина ќе направи се за да го повика Советот за безбедност да ги исполни своите одговорности, да ја одигра својата улога, да изгради консензус и да преземе одговорни и значајни активности што е можно поскоро за да се ублажи актуелната криза, да се гарантира безбедноста на цивилите и да се врати мирот, изјави портпаролот на Министерството, Ванг Венбин на редовната прес-конференција.

Изјавата на Кина доаѓа откако Израел ја засилува својата воена офанзива против палестинската исламистичка група Хамас. Кина минатата недела го презеде ротирачкото претседателство со Советот за безбедност на ОН.

-Конфликтот на Блискиот Исток е на врвот на агендата на Советот за безбедност во ноември. Императив е да се промовира прекин на огнот и да се запрат борбите, да се спречат дополнителни цивилни жртви, да се спречи хуманитарна катастрофа од поголеми размери и да се спречи ширењето на конфликтот, пренесуваат државните медиуми, изјави Џанг Јун, постојан претставник на Кина во ОН.

Џаи, кој се сретна со лидерите на неколку земји во врска со кризата, ја припиша причината за кризата меѓу Израел и Газа на недостатокот на гаранции за правата на Палестинците. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан