• петок, 27 декември 2024

Кина го отфрли барањето на Помпео за пристап до лаборатории

Кина го отфрли барањето на Помпео за пристап до лаборатории
Пекинг, 24 април 2020 (МИА) - Кина го отфрли повикот на американскиот државен секретар Мајк Помпео да им овозможи на меѓународни инспектори пристап до лаборатории за да се осигураат дека опасни патогени микроорганизми, како што е коронавирусот, не се случајно ослободени, објави Фокс Њуз. САД истражуваат дали вирусот случајно бил ослободен од лабораторија во кинескиот град Вухан. - Секој објективен човек ќе види дека некои американски политичари промовирале лаги, кои ги дискредитираат напорите на Кина да се бори против пандемијата, да ги збуни луѓето и да се оддалечи од фактот дека не ги исполниле своите одговорности во борбата против епидемијата, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Генг Шуанг. Претходно, државниот секретар на САД, Мајк Помпео, повика да се изврши инспекција во Институтот за вирусологија во Вухан и други лаборатории, кои, според Фокс њуз, анализирале коронавирус и други патогени. Помпео тврди дека во Кина постојат лаборатории, „кои се занимаваат со такви работи“. гт/

Остани поврзан