• вторник, 24 декември 2024

Кина го ограничува играњето игри за малолетници на еден час

Кина го ограничува играњето игри за малолетници на еден час

Пекинг, 30 август 2021 (МИА) - Компаниите за игри во Кина ќе мора да ги ограничат малолетниците да играат игри во петок, викенд и за празници на еден час дневно, јави Синхуа.

Новите правила за ограничување на времето што малолетниците ќе можат да го поминуваат играјќи игри преку интернет ги објави Националната администрација за медиуми и издаваштво како одговор на растечкиот проблем на овој вид зависност.

Регулаторот пропиша дека играчите на возраст под 18 години ќе можат да играат игри од 20 до 21 часот по локално време, а на компаниите за игри на интернет ќе им биде забрането да обезбедуваат гејминг услуги во која било форма надвор од тие термини.

Покрај тоа, компаниите вклучени во оваа активност ќе треба да обезбедат системи за проверка на идентитетот на корисниците и проверка на нивното вистинско име.

Кина претходно го ограничи вкупното време што малолетниците можат да го поминат на платформи за игри на интернет на три часа за време на празниците и 90 минути во други денови. паг/

Остани поврзан