• среда, 27 ноември 2024

Кина ги преполови карантинските денови за патниците кои пристигнуваат од странство

Кина ги преполови карантинските денови за патниците кои пристигнуваат од странство

Пекинг, 28 јуни 2022 (МИА) - Карантинот за патниците кои пристигнуваат во Кина од странство е намален од 21 на седум дена во хотел и три дена домашен надзор, објави денеска Националната здравствена комисија.

Новите регулативи претставуваат голема промена во ограничувањата за влез во Кина, бидејќи земјата ја следи строгата стратегија за нула ковид од почетокот на пандемијата.

Пекинг ги затвори своите меѓународни граници кога коронавирусот почна да се шири, а бројот на летови што пристигнуваа во Кина остана многу ограничен за да се намали бројот на увезени случаи на инфекција.

Во последните две години, патниците кои пристигнуваат од странство мораа да поминат низ скап карантин во хотел или во одредени центри. Согласно новата политика за контрола и превенција од Ковид-19, овој таканаречен централизиран карантин е скратен на седум дена.

Остани поврзан