• сабота, 26 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Кина ги повика своите државјани да ги одбегнуваат зоните на судири, по апсењата во Украина

Кина ги повика своите државјани да ги одбегнуваат зоните на судири, по апсењата во Украина

Пекинг, 9 април 2025 (МИА) - Кинеските власти денеска ги повикаа своите државјани да избегнуваат конфликтни зони бидејќи украинските власти соопштија дека уапсиле двајца кинески државјани за кои се верува дека се бореле со руската армија во источна Украина.

„Кинеската влада секогаш ги повикуваше своите граѓани да се држат настрана од областите на вооружени конфликти, да избегнуваат вмешаност во вооружени конфликти од секаков вид, а особено да избегнуваат учество во воени операции од која било страна“, изјави Лин Џианг, портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во вторникот изјави дека неговата армија првпат заробила кинески војници, за кои тврди дека се бореле за руската армија, во источна Украина.

„Нашата армија зароби двајца кинески државјани кои се бореа со руската армија против украинските сили во регионот Доњецк, на исток“, рече Зеленски на социјалните мрежи.

„Имаме информации дека во окупациските единици покрај овие двајца има уште многу кинески државјани“, додаде претседателот на Украина.

Зеленски напиша и дека побарал од МНР веднаш да стапи во контакт со Пекинг и да побара објаснување, а побара реакција и од западните земји. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан