• среда, 25 декември 2024

Кина ги осудува нападите врз цивилите на Западниот Брег и повикува на смирување на тензиите

Кина ги осудува нападите врз цивилите на Западниот Брег и повикува на смирување на тензиите

Пекинг, 29 август 2024 (МИА) - Кина денеска изрази загриженост поради израелските напади на окупираниот Западен Брег, нагласувајќи дека се противи на акции кои поттикнуваат тензии.

- Длабоко сме загрижени поради ескалацијата на Западниот Брег. Кина се противи на акции кои поттикнуваат тензии и ги осудува сите напади врз цивилите, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џијан, одговарајќи на прашање од новинарите на Анадолија за време на прес-конференција во Пекинг.

Портпаролот ги повика сите страни да останат смирени и да покажат воздржаност, како и да спречат понатамошна ескалација и влошување на ситуацијата.

Тој додаде дека Кина внимателно ја следи моменталната ситуација во палестинско-израелскиот конфликт.

Израелската армија вчера започна голема воена операција на северниот дел на Западниот Брег, најголема во последните две децении, убивајќи најмалку 17 Палестинци, објави палестинската новинска агенција „Вафа“. ссм/

фото: архива

Остани поврзан