• среда, 25 декември 2024

Кина: Воениот удар во Мјанмар е внатрешно прашање

Кина: Воениот удар во Мјанмар е внатрешно прашање
Женева, 12 февруари 2021 (МИА) - Кинескиот амбасадор Чен Сју во седиштето на Обединети нации во Женева, на специјална седница на Советот за човекови права изјави дека воениот удар извршен на 1 февруари во Мјанмар е внатрешно прашање. - Кина е во контакт и комуникација со релевантните страни во Мјанмар, со цел да помогне во намалување на тензиите и враќање на ситуацијата во нормала, истакна Чен, не наведувајќи повеќе детали. Седницата се одржува на барање на Велика Британија и на Европска Унија. ми/

Остани поврзан