• среда, 25 декември 2024

Ким Мин-јае ја прекина доминацијата на Сон Хеунг – мин

Ким Мин-јае ја прекина доминацијата на Сон Хеунг – мин

Сеул, 2 јануари 2024 (МИА) – Дефанзивецот на германскиот фудбалски првак Баерн Минхен, Ким Мин – јае е прогласен за најдобар јужнокорејски фудбалер во 2023 година во изборот на корејската фудбалска Федерација (КФА).

Дваесетиседумгодишниот Ким со тоа ја прекина доминацијата на фудбалерот на Тотенхем, Сонг Хеунг – мин, кој седумпати во кариерата беше прогласуван за најдобар јужнокорејски играч, а признанието го освојуваше четири пати во низа од 2019 до 2022.

Ким ја заслужи наградата со одличните настапи изминатата година во дресовите на Наполи и Баерн.

Ким стана првиот јужнокорејски фудбалер кој освоил шампионска титула во Италија и беше прогласен за најдобар дефанзивец изминатата сезона во Серија А, пред да ги напушти редовите на Наполи и да го засили Баерн.

Дефанзивецот на актуелниот германски шампион, воедно, стана првиот дефанзивец кој ја освои наградата на КФА по Ким Јонг – гвон во 2015. ег/паг/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан