• среда, 27 ноември 2024

Ким бара зајакнување на воената способност на Северна Кореја

Ким бара зајакнување на воената способност на Северна Кореја
Пјонгјанг, 30 јули 2021 (МИА) - Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун побара зајакнување на способноста на земјата да се справи со каква било странска провокација. Апелот на Ким е воочи годишната воена вежби на Јужна Кореја и САД, што треба да се одржи следниот месец, што според Пјонгјанг е „тест за инвазија“. Корејската централна новинска агенција (КЦНА) денеска објави дека Ким од 24 до 27 јули имал консултации со воени команданти и политички претставници, на кои се разговарало за начините за зголемување на воената сила на земјата. Тоа е прва таква средба од формирањето на армијата на Северна Кореја. Според КЦНА, за време на состанокот Ким истакнал дека военото и политичкото раководство треба да ги насочи сите напори кон завршување на подготовките за активна и офанзивна конфронтација со каква било воена провокација на непријателот. Тој, исто така, ги обвинил непријателските сили, САД и и Јужна Кореја дека ги зајакнуваат своите способности да преземат превентивен напад и да ги интензивираат воените вежби како подготовка за агресија, и побара од присутните на консултациите да вложат дополнителни напори за зголемување на борбената ефикасност на нивните единици. ми/

Остани поврзан