• среда, 27 ноември 2024

Кимих постави рекорд во Баерн по истрчани километри

Кимих постави рекорд во Баерн по истрчани километри
Минхен, 27 мај 2020 (МИА) – Одбранбениот фудбалер на Баерн Минхен, Џошуа Кимих, постави клупски рекорд, објави „Опта“. Дваесет и петгодишниот Германец на натпреварот од 28. коло од Бундеслигата против Борусија одигран вчеравечер во Дортмунд, истрча 13,73 км. Кај играчите на баварскиот клуб ова е најголем резултат во дадената статистичка категорија. Воедно, Кимих го постигна единствениот гол на натпреварот по кој Баерн ја зголеми предноста во однос на Борусија Дортмунд на врвот на табелата на седум бода. Оваа сезона Кимих има 39 натпревари на сите натпревараувања, постигнато четири гола и направено шест асистенции. зс/

Остани поврзан