• среда, 25 декември 2024

Кикиљас: Должност на државата е да ги заштити граѓаните од подметнувачите на пожар

Кикиљас: Должност на државата е да ги заштити граѓаните од подметнувачите на пожар

Атина, 2 мај 2024 (МИА) – Државата има должност да ги заштити граѓаните од оние кои подметнуваат пожари, без разлика дали е тоа намерно или од небрежност, истакна министерот за климатска криза и цивилна заштита на Грција Василис Кикиљас, по средбата со обвинителката на Врховниот суд Георгиа Аделини посочувајќи дека со новиот Кривичен законик, подметнувањето пожар од прекршок веќе е кривично дело, јави дописничката на МИА од Атина.

Кикиљас ја информирал обвинителката за подготвителните и превентивните активности на противпожарната служба и цивилната заштита, во пресрет на сезоната на пожари, за која рече дека ќе биде „многу тешка“ и побарал „во рамките на соработката да се применува законот поврзан со подметнатите пожари“, без разлика дали се намерни или од несовесни граѓани.

Истакна дека целта е пред сè да се заштитат човечките животи, а потоа и имотите, но и шумите и посочи дека катастрофалните пожари во близина на Атина во 2018 година, но и многу други случаи од минатото „покажуваат дека некои со криминална негрижа ги ризикуваат животите на сите свои сограѓани“.

-Должност на државата е да ги заштити граѓаните од ваквите случаи. Уште еднаш да потсетам дека е сменет кривичниот законик за подметнување пожар, а особено за палење од небрежност, повеќе не се прекршоци, туку се кривични дела и ако тоа доведе до губење, макар и на еден човечки живот или потенцијална еколошка катастрофа тогаш следува казна затвор од 10 до 20 години и парична казна до 200.000 евра, истакна надлежниот грчки министер.

Паралелно упати апел до граѓаните „да ја разберат критичноста“ и  ова лето да се однесуваат соодветно.ср/

Остани поврзан