• недела, 24 ноември 2024

Киелини ќе продолжи со Јувентус

Киелини ќе продолжи со Јувентус
Торино, 25 март 2020 (МИА) - Новиот договор на дефанзивецот на Јувентус, Џорџо Килини е само прашање на формалности, велат од „Газета дело Спорт“. Клубот, исто така, е во преговори со Џанлуиџи Буфон и Леонардо Бонучи. Договорите на Буфон и Киелини истекуваат ова лето, а изданието веќе објави дека голманот се согласил да остане во тимот најмалку уште една сезона. Сега и за дефанзивецот доаѓаат исти информации. Тој скина лигаменти на почетокот на сезоната, откако се врати во игра непосредно пред паузата во првенството поради пандемијата од коронавирус.

Остани поврзан