• петок, 28 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Киелини се опорави по кинењето на лигаментите

Киелини се опорави по кинењето на лигаментите
Торино, 23 април 2020 (МИА) - Дефанзивецот на Јувентус, Џорџо Киелини закрепна од повредата, пренесува „Ил Кориере дело Спорт“. Триесет и петгодишниот Италијанец се подложи на операција откако ги скина предните вкрстени лигаменти на десното колено и не влезе на теренот од август 2019 година. Се очекува фудбалерот да биде целосно во функција на тимот кога Серија А ќе продолжи. Јувентус планира да го продолжи договорот со Киелини до 2022 година. зс/

Остани поврзан