• вторник, 24 декември 2024

Киелини доби менаџерска улога во Јувентус

Киелини доби менаџерска улога во Јувентус


Торино, 17 септември 2024 (МИА) – Поранешниот долгогодишен фудбалер и капитен на Јувентус, Џорџо Киелини, се врати во италијанскиот гигант во улога на менаџер.
„Се вратив дома, во друга форма и улога, Јувентус е дел од мене“, објави синоќа Киелини на социјалните мрежи.
Тој ќе ја извршува административната улога на директор за институционални односи на Јувентус.
Киелини со Јувентус одигра 561 натпревари, а освои девет титули во Серија А, пет во Купот на Италија и двапати стигна до финалето на Лигата на шампиони (2015, 2017).
Киелини ја заврши својата фудбалска кариера минатата година, додека настапуваше за Лос Анџелес. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан