Киеза не сака да го напушти Ливерпул
- Фудбалерот на Ливерпул, Федерико Киеза, по победата над Борнмут (4:2) во првото коло од Премиер лигата забележа дека не сака да го напушти клубот.
Ливерпул, 16 август 2025 (МИА) – Фудбалерот на Ливерпул, Федерико Киеза, по победата над Борнмут (4:2) во првото коло од Премиер лигата забележа дека не сака да го напушти клубот.
- Многу сум среќен во Ливерпул! Ќе разговарам со клубот, но сакам да останам тука и да се борам за многу трофеи, го цитира Киеза инсајдерот Фабрицио Романо на социјалната мрежа X.
Претходно се појави информација дека 27-годишниот Италијанец сака да се врати во Италија. зс/
Фото: ЕПА