• сабота, 31 август 2024

Киев: Украинските сили заробија над 100 руски војници и уништија авион Су-34

Киев: Украинските сили заробија над 100 руски војници и уништија авион Су-34

Киев, 14 август 2024 (МИА) - Официјален Киев соопшти дека Украина освоила нови територии во руската област Курск, каде што заробила дополнителен број руски војници и уништила авион.

Командантот на украинската армија, Олександр Сирски, во видео објавено на Телеграм изјави дека украинските сили напредувале еден до два километри во некои делови на Курск. Сирски додаде дека украинските сили денеска заробиле над 100 руски војници, кои ќе бидат заменети за украински затвореници.

Украинската армија, исто така, уништила руски авион Су-34, кој бил користен за напади на позиции и градови во Украина.

Портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи вчера изјави дека Киев нема намера да окупира руска територија, туку целта е да се спречат ракетни напади од Курск врз Украина. Офанзивата ќе заврши кога ќе заврши војната во Украина. ссм/

фото: архива

Остани поврзан