• среда, 25 декември 2024

Киев: Украина пресретна 61 од 71 ракети во денешниот руски напад

Киев: Украина пресретна 61 од 71 ракети во денешниот руски напад

Киев, 10 февруари 2023 (МИА) – Киев соопшти дека руската армија денеска истрелала 71 крстаречка ракета во масовниот ракетен напад врз Украина, од кои 61 биле пресретнати.

Крстосувачките ракети биле лансирани од руски бродови и авиони, соопшти украинскиот генералштаб во својот вечерен извештај за состојбата.

Дополнително, според прелиминарните пребројувања, Русија истрелала 29 ракети од системот С-300, кој всушност е наменет за воздушна одбрана, врз копнени цели во Украина.

ДПА нагласува дека бројките не можат независно да се проверат.

Киев додаде дека цел на нападите повторно била инфраструктурата на Украина. јт/

Остани поврзан